Шокиран сум од нападите во парламентот во Скопје

0
894

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку својот твитер-профил соопшти дека е шокиран од нападите во Собранието во Скопје.

„Шокиран сум од нападите во парламентот во Скопје. Сите партии треба да го почитуваат демократскиот процес и да се ангажираат во дијалог, а не во насилство”, напиша Столтенберг.

Насилството го осудија и Европската Унија и САД.