Шон Пен „виновен“ за апсењето на Ел Чапо

0
764

Тајна средба со холивудскиот актер Шон Пен го разоткри најбараниот нарко бос во светот Хоакин “Ел Чапо“ Гузман. Мексиканската полиција подолго време го следела актерот и чекале погоден момент за да го фатат шверцерот. Тие му влегле во трага додека нарко босот се договарал со Пен да снимат автобиографски филм. Имале тајна средба во Мексико, како и интервју на кое Ел Чапо одговара на прашања на славниот актер испратени преку интернет. Интервјуто вчера го објави магазинот “Ролинг стоун“.

“Дрогата уништува За жал израснав во крај каде немаше друг начин за да се преживее. Не мислам дека јас сум виновен за ширење на дрогата. Да не постоев јас, дрогата и понатаму ќе постоеше. Додека бев во затвор ништо не се промени, работата е иста како секогаш, ниту опаднала ниту се подобрила“ вели Ел Чапо.
Глумецот во октомври 2015 допатувал во мексиканска шума за „седумчасовна средба“ со славниот шверцер.Тој вели дека го добил „првото интервју кое Ел Чапо некогаш го дал надвор од собата за испрашување“. Според него, Гузман бил заинтересиран за снимање филм за неговиот живот по понудите со кои по апсењето во 2014 година го преплавиле американските филмски студија. Средбата организирана од мексиканската актерка Кејт Дел Кастиљо, била проследена и со фотографија на која Пен се ракува со Гузман.