Шпанија ги декласира Турците во Ница

0
548

Шпанските фудбалери се пласираа во осминафиналето од европското фудбалско првенство, откако во вечерниот термин во петокот во Ница во второто коло од Групата Д ја совладаа Турција со 3-0 (2-0), со головите на Алваро Мората во 34 и 48 минута, и Нолито во 37 минута.

Како што се одвиваше мечот, се доби впечатокот дека Турците можеа да доживеат и потежок пораз, но оти Шпанците се задоволија со сигурни три гола разлика.

Од првиот свиреж на судијата шпанските фудбалери тргнаа по победата, а нивните турски ривали не можеа да најдат одговор. По низата нереализирани шанси, Шпанците за три минути, од 34 до 37-та, постигнаа два гола и го решија прашањето на победникот. Првиот гол го постигна со одличен удар со глава во самиот агол Мората, на нафрлување од Нолито, а три минути самиот Нолито ја искористи големата грешка на турскиот бек Топал кој со глава му ја спушти топката на Шпанецот, а овој непречен од пет метри лесно поентираше. Шпанците до крајот на полувремето можеа да постигнат најмалку уште два гола, но беа непрецизни реализацијата.

На почетокот од второто полувреме Шпанците го постигнаа третиот гол, што навестуваше вистински дебакл на Турција. Во 52 минута Јилмаз не реализираше голема шанса шутирајќи покрај голот на Давид де Хеа, а по овој момент Шпанците „одработуваа“ а Турците се пазеа да не доживеат катастрофа.

Во последното коло на 21-ви јуни ќе играат Турција и Чешка, и Хрватска против Шпанија. Шпанците се први на табелата со шест бодови, Хрватите кои пропуштија претходно во петокот водство од 2-0 против Чесите имаат четири бодови, кои имаат само еден, додека Турците е без бодови и постигнат гол. Чесите за пласман ќе одат на висока победа над Турците и ќе се надеваат на пораз на Хрватска против „Црвената фурија“.