Шпанија и Италија доаѓаат во Скопје во квалификациите за СП 2018 година

0
3078

Македонија доби силна квалификациска група за Светското првенство кое ќе се одржи во 2018 година во Русија, во која се Шпанија и Италија кои заедно имаат пет светски титули, а особено интересни ќе бидат дуелите со Албанија со којашто првпат ќе се одмеруваат силите во квалификации за некое големо меѓународно натпреварување. Квалификациите кои што ќе започнат на 4- септември 2016 година, Македонија ќе ги игра во групата Г, во која што ќе има пет противници. Македонските фудбалери ќе се спротистават на Шпанија, Италија, Лихтенштајн, со соседот Албанија и со Израел. Распоредот и датумите на одигрување на натпреварите ќе бидат одредени подоцна.