Шпанија издаде налог за апсење на Пучдемон

0
195

Белгискиот адвокат на поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон, Пал Бекер, потврди дека шпанскиот суд издал европска потерница за апсење на неговиот клиент.

„Вистина е дека е издадена потерница против претседателот и четворица други министри, кои во моментов се наоѓаат во Белгија”, изјави Бекер.

Додаде дека последователно на ова шпанското судство ќе испрати барање за екстрадиција до обвинителството во Брисел.

http://makfax.com.mk