Шпанија ја предупреди Франција поради нападите врз камионџии

0
160

Шпанското министерство за надворешни работи ја предупреди соседна Франција поради зачестените напади врз шпанските превозници на земјоделските производи во оваа земја каде што локалните земјоделци протестираат поради ниските цени на месото и храната.

„Длабоко сме загрижени од нападите врз шпанските камиони со прехранбени производи кои продолжуваат со тешки последици“, се наведува во дипломатскиот допис упатен во Париз, што го цитира AFP. Локалните фармери на француските патишта ги напаѓаат шпанските возачи од 21-ви јули истакнува владата во Мадрид.

Француските синџири супермаркети со увозот на евтината храна од странство ја уриваат цената на домашните земјоделци, што може да доведе до затворање на 40.000 работни места во Франција, најголемиот европскиот производител на земјоделски продукти.

Шпанските власти им советуваше на своите возачи на камиони да ги избегнуваат француските сообраќајници, стравувајќи дека протестите на француските синдикати може да завршат со сериозни инциденти.

Кон крајот на јули еден возач на компанијата „El Mosca“, од јужната шпанска покраина Мурсија, бил нападната откако со пратка месо влегол во Франција. „Кога ги видоа шпанските таблички и дека превезувам месо, полудеа“, рече.

Во петокот 50-ина овоштари во југоисточна Франција, се солидаризираа со локалните сточари, и со триесетина трактори блокираат патишта делејќи им на возачите овошје и летоци.

Стотици одгледувачи на стока ги парализираа главните патни правци околу градот Каен, на северозападот од Франција, од каде на 21-ви јули протестите се проширија ширум земјата. Околу 25.000 производители на место и млеко се наоѓаат пред банкрот, што би можело да доведе до затворање на 10 отсто од фармите за одгледување говеда.

Синдикатите и владата тврдат дека падот на цените е последица на војната со цените меѓу големите супермаркети кои ја уриваат цената со увозот на поевтината увозна храна. Францускиот министер за земјоделие Стефан Лефол ги повика Французите да ги купуваат домашните производи, но земјоделците сметаат дека тоа не е доволно. Тие го обвинија социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд дека не го штити домашното производство.

Минатата седмица ги блокираа граничните премини со Шпанија и со Германија, што доведе до големи доцнења во автобускиот сообраќај во екот на туристичката сезона. Застоите ги има насекаде, не само на граничните премини, и колони се создаваат и на француска и на шпанска територија./крај/мф/сн