Шпанија: Полицијата трага по уште четворица осомничени за нападите во Барселона и Камбрилс

0
264

Шпанската полиција трага по уште четворица осомничени за нападите во Барселона и Камбрилс.

Тие имаат 17, 18, 22 и 24 години и се со мароканско потекло, објавија шпанските медиуми.

Од осомничените, тројца живеат во Рипол, град со 10 илјади жители оддалечен на околу 100 километри од Барселона, додека четвртиот осомничен е од каталонскиот град Рибес де Фресер.

Полицијата, исто така, соопштила дека возачот на комбето кој усмрти 13 луѓе на улицата Ла Рамбла во Барселона е еден од петмината терористи кои полицијата ги ликвидираше во Камбрилс.

http://makfax.com.mk