Шпанската полиција разбила ќелија на ИСИС „спремна да го нападне Мадрид“

0
387

Шпанската полиција вчера уапсила тројца луѓе разбивајќи џихадистичка терористичка ќелија што била „спремна да го нападне Мадрид“, соопшти шпанското министерство за внатрешни работи.

Мажите, од кои сите се со мароканско потекло и живеат во Мадрид, наводно ѝ припаѓаат на група поврзана со ИСИС, рече министерството.

„Во моментот кога беше разбиена ќелијата, нејзините членови беа целосно радикализирани и беа во фаза на целосна посветеност на терористичката идеологија – покажувајќи склоност да извршат напад во Мадрид“, рече министерството во соопштението.