Шпанската полиција заплени повеќе милиони ливчиња пред референдумот во Каталонија

0
190

Гласачките ливчиња се најнови во низата предмети што ги заплени полицијата во акцијата за спречување на одржувањето на референдумот за независност на североисточниот шпански регион Каталонија што е закажан за в недела, пренесува АФП.

„Шпанската Цивилна гарда (полициските сили) заплени 2,5 милиони ливчиња, четири милиони пликови и 100 гласачки кутии во складот во Игуалада“, рече анонимен извор.

Како што наведува агенцијата, тоа се првите гласачки ливчиња што ги запленила полицијата откако е заострена акцијата против одржувањето на референдумот.

Неименуваниот извор кажа дека и фирмата што ги обезбедила гласачките кутии соопштила дека тие наводно биле наменети за „изборите во фудбалскиот клуб Барселона“, без да открие детали.

Портпаролот на клубот потврди дека таа фирма навистина го снабдила ФК Барселона со гласачки кутии за изборите за претседател на тој клуб во минатото, но не можел да коментира ништо повеќе.

Според резултатите на анкетите, огромното мнозинство граѓани на Каталонија, и покрај длабоката поделеност во врска со независноста, сакаат да излезат на референдумот и конечно да го решат ова прашање.

www.mkd.mk

Без коментари