Шпанската правда го бара Пучдемонт кој денес допатува во Брисел

0
339

Шпанскиот обвинител поднесе тужби против членовите на каталонската влада поради “бунт” и предизвикување на институционалната криза која доведе до прогласување на независноста. “Бунт” е еден од најтешките престапи во Шпанија и може да донесе 30 години затвор, исто онолку колку е терористички акт или убиство.

Помеѓу обвинетите е и сега екс претседателот на каталонската Влада Карлес Пучдемонт кој од утринава се наоѓа во Брисел.

Судијката Кармен Ламела треба да одлучи дали тужбата може да биде прифатена.

Пучдемонт ги повика своите поддржувачи мирно да му се спротивстават на Мадрид во обидите да ја преземе контролата на каталонските институции. Според нив, “Пучдемонт е и ќе биде претседател”, напиша неговиот потпреседател Ориод Јункерас во каталонски медиум.

Белгискиот министер за азил и миграција Тео Франкен викендов изјави дека Пучдемонт би можел да побара азил во Белгија по одлуките на шпанската Влада. Министерот исто така се прашува дали Пучдемонт, со оглед на однесувањето на Мадрид, би имал праведно судење во Шпанија.

Франкен е член на националистичката фламанска партија НВА која не ги крие своите сепаратистички амбиции и е една од ретките партии во ЕУ што го поддржува каталонското барање за независност.

Партијата на Пучдемонт најави денес дека ќе учествува на регионалните избори што за овој регион ги распиша Мадрид на 21 декември, откако ја презеде контролата врз Каталонија.

“На 21 ќе одиме на избори, ќе одиме одлучно бидејќи сакаме да му дозволиме на каталонското општество да се изјасни”, изјави портпаролот на партијата ПДеКАТ Марта Паскал.

http://novatv.mk