Шпански мелос во центарот на Битола

0
569

Љубителите на шпанскиот ритам имаа ретка можност да уживаат во настапот
на шпанскиот музичар Лукас Маскиано, во кафе бар Милениум.
Посетителите на овој концерт уживаа во танго ритми и мелодични латино
песни .
Toj пред концертот го истакна задоволството што има можност да настапува
во Битола.
Со потекло од Аргентина, Лукас започнува да свири гитара на 8 годишна
возраст кај Марчело Мауро.
Во 1995 после несреќата во која за малку ќе го загубел животот, тој
одлучува дека со музика ќе се занимава професионално и дека музката е
негов животен избор. После тоа го објавува албумот Моите песни. Со
издавање на албуми продолжи и додека студираше во Буенос Аирес, каде
студирал пеење, пиано и гитара па истакна дека образованието е неопходно
за успешно развивање на талентот.
Позади себе Лукас има 9 албуми односно 8 од кои 9 тиот е во фаза на
снимање.
За македонскиот мелос и ритам вели дека му се посебно инспиративни.
Менаџерката на маскиано, ја опиша соработката со него од пред година и
пол, но и го истакна задоволството за организираниот настап во Битола.
После Битола турнејата продолжи во Софија, а потоа во Шпанија, август
месец е резервиран за Португалија а потоа Мексико, Аргентина и многу
други места.
Од албумите најпознат е Од Париз до Трансилванија.
Неговата кариера ја одбележуваат концертните настапи низ Европа,
латинска Америка и Индија.