Шпанскиот крал мета на навреди на „Камп Ноу“

0
215

Шпанската влада  го осуди однесувањето на навивачите на саботното финале во националниот Куп, кој екипите на Барселона и Атлетик Билбао го одиграа на „Ноу Камп“. Навивачите пред почетокот на мечот, за време на интонирањето на шпанската химна го навредувале кралот Фелипе VI.

Купот на Шпанија го освои Барселона со победата од 3:1, два гола постигна Меси, а еден Нејмар за Барса, додека Ињаки Вилијамс беше стрелец на единствениот гол за Атлетик.

Инаку ова финале во Купот беше прво на кое Фелипе VI присуствуваше како крал на Шпанија. Премиерот Маријано Рахој ги осудил „нападите на симболите кои ги преставуваат сите Шпанци“ и рекол дека „нетолеранцијата секогаш заслужува осуда“.

Тој дополнил дека лошото однесување на навивачите на натпреварот „не треба да се дозволи бидејќи може да го загрози заедничкиот живот“.

Во соопштението од премиерскиот кабинет се наведува дека в понеделник ќе биде одржжан состанок на Комисијата против насилство, ксенофобија, разисам и нетолеранција во спортот, на која ќе се расправа на кој начин да бидат казнети одговорините.

Претседателот на Каталонија, Артур Мас, рекол дека соопштението од премиерскиот кабинет е „смешно“.