Шпанскиот уставен суд ја забрани седницата на каталонскиот Парламент

0
202

Шпанскиот Уставен суд нареди  суспензија на седницата на каталонскиот парламент планирана за понеделник, на која треба да се прогласи независност од Шпанија. Шпанскиот премиер Мариано Рахој ги повика властите на Каталонија да се откажат од плановите за прогласување независност, за, како што рече, да се избегне поголемо зло.

Ваквата одлука, претседателката на каталонскиот парламент,  ја оцени како кршење на правото на слободата на изразување на нивните членови во парламентот. Без разлика на суспензијата најави  дека седница за независност, во понеделник ќе има.

Без коментари