Шпанците пресилни за подмладената Македонија

0
362

Фудбалската репрезентација на Македонија го доживеа четвртиот пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија. Во саботата, Шпанија, во Гранада, ја порази Македонија со 4-0 (1-0).

Преголемиот респект кон фаворитот и нерешителноста во нападот, искомбинирана со неколкуте грешки во одбраната ја однесоа македонската селекција до убедлив пораз против Шпанија.

Шпанците го имаа поседот на топка, нешто што го имаат и против посилни репрезентации, но Македонија ги имаше првите сериозни шанси за отворање на резултатот.

Велковски во петтата минута од пет метри биеше со глава во Де Хеа, а 14 минути подоцна по корнерот на Барди, Пандев од добра позиција биеше крај голот.

Шпанците возвратија преку Мората, во 22. и 25.минута, но димитриевски излезе како победник во во двете ситуации против напаѓачот на Реал.

Кога Шпанците од своите шанси не постигнаа гол, водство им овозможија македонските фудбалери. Во 35-та минута, некоордираноста на Велковски и Ристовски завриши со гол во мрежата на Димитриевски. Карвахал нафрли од десната страна, двајцата дефанзивци на Македонија тргнаа на топката, се судрија, а Велковски наместо да исфрли во поле ја затресе сосптвената мрежа.

Вториот дел започна со шанса за Македонија, но Алиски од 20-тна метри не успеа да го префрли Де Хеа.

Шпнаците предноста ја дуплираа во 63-та минута, кога Карвахал нафрли Жута заборави на Витоло, кој од три метри со глава го погоди голот.

По вториот гол избраниците на Ангеловски се обидоа да ја префрлат топката на половината на Шпанците, но не покажаа доволно решителност да нападнат и пред се да ја искористат лошата комуникација на двајцата централни дефанзивци на „фуријата“ Начо и Батра.

Во инишот на мечот Макеоднија целосно падна во ритамот што Шпанците го искористија да постигнат уште два гола преку Адуриз во 83-та и Монреал во 84-та минута.

Македонија по четири кола сеуште нема освоено бод во Г групата, додека Шпанија заедно со Италија ја предводи табелата, двете селекции имаат по 10 бодови.

Следниот квалификациски натпревар Македонија ќе го одигра на 24.март наредната година во Лихтенштајн.