Шпанците со сите свои ѕвезди ги мотивираат Пандев и другарите

0
463

Шпанците пред два пристигнаа во Скопје и синоќа се подготвуваат за дуелот кој се игра денес на Националната Арена од 20.45 часот. Шпанските новинари опоменуваат дека овој дуел со Македонија е од особено значење за „фуријата“, ако се знае дека следниот меч на Шпанија е дуелот со Италија на 2 септември на „Бернабеу“.

Мечот за нив е важен од неколку аспекти. Прво, да се вратат по лошиот тест-меч кој го одиграа со Колумбија пред некој ден, и второ, да внимаваат да не загубат некој од дури шестемина првотимци кои се на еден жолт картон до суспензија пред така важниот меч со Италијанците. Во Скопје особено треба да внимаваат Пике, Рамос, Бускетс, Тиаго Алкантара, Витоло и Диего Коста, кои се под закана за суспензија на мечот со Италија.

Новинарите кои пристигнаа со експедицијата во Скопје велат дека во Македонија е голема горештина, на која ќе биде особено тешко да се игра.