Шперовиќ Рибарски на средба со Талески

0
369
SONY DSC

– Јас сум крајно благодарна за добивањето на едно вакво големо признание. Битола е мојот дом, иако повеќе години живеам во Скопје. Целиот мој живот градот Битола беше инспирација за творештво, како пијанист почнав оттука кај учителката Марика Јефтиќ, потоа продолжив Скопје, Белград, Париз…Работев со цел да ја приближам класичната музика, а потоа да го афирмираме градот, прво во југословенски, а потоа и во европски рамки. Во 35 земји сум свирела како солист, меѓу кои Рио де Жанеиро, големите центри Њујорк, Москва, Санкт Петерсбург, Париз. Овае награда за мене и за фестивалот кој го направивме со Кирил Рибарски. Бев изненадена кога ме предложија за наградата, но истата има големо значење за мене. Голема благодарност до предлагачите и до градоначалникот Владимир Талески – уметник на кој што некогаш сум се воодушевувала како публика, а денес на неговата работа за градот и своиоте граѓани“, изјави Милица Шперовиќ – Рибарски, пијанист, добитник на четвртоноемвриската награда, доделена според одлуката донесена на управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември

SONY DSC

-Голема чест е што ги имаме Милица Шперовиќ Рибарски и Кирил Рибарски. Тоа се луѓе  врвни уметници од светски ранг и долго не радуваат со „Интерфест“. Милица ова го заслужи како уметник и врвен педагог. Иако, Милица и Кирил Рибарски на 4 ноември беа на професионален ангажман во Казахстан, каде меѓудругото беа и жири комисија, тие испратија одлична замена, нивниот син кој чекори по нивните стапки и ќе биде врвен пијанист. За нас е исклучителна чест што ги имаме овие врвни уметници“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески