Шпионска афера ја тресе Европа

0
630

Шпионската афера, во која е вмешан швајцарски државјанин, сѐ повеќе ја тресе Европа, а може да има и последици по односите помеѓу Германија и Швајцарија. Скандалот изби откако Швајцарецот Даниел М. во петокот беше уапсен во Германија, под сомнение дека ги шпионирал германските финансиски истражители. Германските истражители биле вклучени во купување дискови со податоци за лицата што избегнуваат плаќање данок, префрлајќи ги парите во Швајцарија. Германското МНР ја повика на разговор амбасадорката на Швајцарија, додека, пак, швајцарските власти не сакаа подетално да го коментираат случајот, пренесуваат светските медиуми.
– Кога некој во Швајцарија користи нелегални методи за да украде државни или бизнис-тајни, тоа е шпионажа и ние имаме единица што се бори против тоа – порача Маркус Зајлер, директорот на швајцарската Федерална разузнавачка служба (ФИС).