Штајнмаер: Турција што побрзo да ја укине вонредната состојба

0
218

Прогласувањето на вонредната состојба повторно го нагласи фактот дека обидот за пуч има длабоки последици врз турската политика и општество, рече шефот на германската дипломатија.

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмаер, ја повика Турција вонредната состојба да ја задржи во сила само толку долго колку што тоа навистина е потребно и оваа мерка да ја укине што е можно побрзо, јави утринава Танјуг.

Штајнмаер ова го соопшти доцна синоќа, како одговор на прогласената вонредна состојба, повикувајќи ја турската Влада да го одржи и владеењето на правото и принципот на сразмерност во својот одговор кон обидот за пуч, што беше изведен во ноќта меѓу петокот и саботата.

– Прогласувањето на вонредната состојба повторно го нагласи фактот дека обидот за пуч има длабоки последици врз турската политика и општество, рече шефот на германската дипломатија.

Тој додаде дека Германија ќе продолжи да ја повикува Турција на воздржаност во својот одговор на пропаднатиот државен удар.