Штедливи ама штетни ?

0
389

Сите се фрлиja на штедење откако почна да се зголемува цената на електричната енергија, тенденцијата е обичните сијалици да се заменат со штедливи, некои тоа го прават некои не.

Но дали тие се штетни? Оваа дилема произлегува по истражувањата кои ги има на интернет страниците при што покажуваат дека штедливите сјалици се доста штени за луѓето. Додека од ден на ден се погласно не советуваат да ги фрлиме класичните светилки и да ги замениме со штедливи, сега голем број експерти предупредуваат, економичните светилки треба да се користат колку што е можно поретко и подалеку од нас.

Постојат предупредувања кои велат дека светлосни тела емитуваат фенол, нафтален и стилен канцероген состав кој при долготрајна изложеност може да биде фатален.
Фенолот во организмот навлегува преку дишните патишта нарушувајќи ја нивната функција како и срцевата работа.
Додека пак други предупредуваат дека штедливите светилки можат да го зголемат процентот на заболени жени од рак на дојка, бидејќи за разлика од класичното жолто осветлување, овие емитуваат на некој начин дневна светлина, поради што се нарушува производството на хормонот мелатонин во организмот.
Трети велат дека овие сјалици содржат жива што доколку дојде до пукање на светилката, живата што излегува е опасна за секое живо суштество.
Но експерти на оваа додаваат, при пукањето поголемиот дел од живата останува во светилката, само мал дел излегува во воздухот односно количина што не може да го наруши здравјето.

Сите сме запознаени со економската страна на штедливите светилки. Тие чинат 150 денари за разлика од обичните сјалици кои чинат 40 денари. Иако штедливите сјалици изгледаат поубаво од обичните вие сами проценете што би користели дали обична сјалица или штедлива.