Штенечак ги убива кучињата низ градот

0
1650

Штенечакот е акутна заразна болест кај кучињата, вирусна инфекција која предизвикува респираторни, дигестивни и нервни манифестации, често со фатален исход која се јавува кај помалите, но се јавува и кај поголемите кучиња. Ова заболување било забележано кај повеќе кучиња во Битола, за што Здружението Мали Херои на фејсбук страницата преку соопштение апелираше на внимателност.

-Оваа болест се пренесува од куче на куче, но не се пренесува од куче на човек, вели д-р вет. мед. Владимир Стојаноски.
Како да се заштитат кучињата од оваа болест?
-Потребно е совет од ветеринар и задолжителна вакцинација, вели Стојаноски.
Клиничката слика на болеста се јавува во повеќе облици во зависност кои органи се зафатени.
Кај штенечакот смртноста е од 75-95%, а кучињата кои ја преболеле болеста остануваат со трајни последици кои се посебно изразени на сетилата.