Штербик неизвесен за мечот со Кристијанштад

0
369

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, се соочува со повреда на тетивата и може да го пропушти саботниот дуел со Кристијанштад во ЛШ, изјави тренерот на вардарци, Раул Гонзалез, на денешната средба со новинарите.
„Кристијанштад форсира одбрана 6-0 и играта ја базира на контра-напади. Имавме доволно време да го анализираме и да се подготвиме. Сакаме да играме пред полни трибини“ потенцираше шпанскиот стратег. Српскиот интернационалец, Мијајло Марсениќ, е свесен дека мора да се оправда улогата на фаворит.

„Ќе одиграме многу значаен меч.Противникот нема да чувствува притисок бидејќи ние сме фаворити на хартија. Мораме да ги елиминираме контра-нападите на швеѓаните“ нагласи Марсениќ пред саботниот меч од 17.30 во СЦ Јане Сандански во Скопје.