Штети и во Лисолај

0
1003

Ниските температури кои изминатите неколку дена беа регистрирани во Македонија, предизвикаа штети врз лозовите насади и во селото Лисолај.

Овие фотографии ни ги испратија жители од селото кои велат дека штетите се дури кај 90 проценти од лозовите насади.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по  вонредната владина седница изјави дека е формирана и комисија од повеќе институции којашто треба да утврди методолгија по која ќе се изврши исплаќање на штетите.