Што да видите и да правите во Битола

0
1410

Што да видите и да правите во Битола? На ова прашање преку видео запис одговара Дејвид Хофман, водител и продуцент кој патува низ светот, а своите искуства, како и фото и видео материјалите ги презентира на неговиот блог, но и на социјалните мрежи. Досега посетил 64 земји и 964 градови, а импресиите од нив можат да се најдат на неговиот блог. davidВо петминутното видео Дејвид објаснува кои се знаменитостите на Битола и што мора да се посети. Започнува со Хераклеја Линкестис, антички град основан од Филип Втори, таткото на Александар Македонски. Вели Битола е втор град по големина во Македонија и дека од неговиот престој од два дена ќе се обиде да ги прикаже знаменитостите.

Дејвид објаснува дека Битола е мешавина од антички и модерни традиции. Доволно мал да се истражува пешки, дава можност да се запознаете со македонската култура, вели тој.

Ја презентира Хераклеја како атракција, антички град, познат по грчата и римска архитектура, а особено е познат по колоритните мозаици. И вели, задолжително да се воодушевувате на амфитеатарот. Од Хераклеја се сели на Магнолија. Вели, околу главниот плоштад се наоѓаат главните атракции, споменикот на Филип Втори, главната пешачка улица, Исак џамија и Саат кулата, објаснувајќи дека Саат кулата ја изградите Турците во 1830 година, употребувајќи 6000 јајца. Оттаму продолжува во Старата битолска чаршија за кое вели дека е најважното културно и социјално место и одлично место да се купи сувенир.

Порано во Битола имало 30 пазари, а овој е единствениот кој е останат и се наоѓа во Старата битолска чаршија, објаснува Дејвид напоменувајќи дека, како што се гледа на пазарот, сега е сезоната на црвени пиперки.

Потоа го презентира музејот и поставките кои се наоѓаат во него, меѓу кои најпознатата е собата на Ататурк. Од Музејот се сели на Широк Сокак. „Ако не дојдете овде, да не се напиете некој пијалок, кафе или ракија, исто како да не сте биле овде“, вели тој. Како атракција го претставува Дихово, односно Вила Дихово за која вели дека е една од најдобро чуваните тајни во Европа. ЗА него Дихово е едно од најоргиналните искуства. „Дозволете си еден дополнителен ден од вашиот престој да уживате во флората и фауната на Пелистер“, предлага Хофман. На крајот вели: „Ако сте подготвени да нурнете во македонската историја и култура, застанете и посетете ја Битола на неколку дена. Таму ќе најдете богата култура и пријателски луѓе“.

Без коментари

LEAVE A REPLY