Што добиле овоштарите од Преспа?

0
392

Земјоделците од Преспанскиот регион имаат добиено девет милиони евра субвенции рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при посетата во Ресен .Тој додаде дека само за овоштарите се исплатени 7,3 милиони евра, а од декември лани до денес на овоштарите во земјава им се исплатени 4,3 милиони евра.

– Покрај исплатата за лица кои имаат овошни насади, веќе оваа недела се очекува во трезорот на Министерството за финансии да пристигнат исплатите за тутунот, што е предаден после 16-ти јануари. При крајот на оваа недела и на почетокот од следната ќе започне исплата на 500 милиони денари за тутунарите за нивниот род, односно предадениот тутун по 16-ти јануари, најави Груевски.

Што се однесува пак до инфраструктурата и туризмот во Ресен инвестирани биле 15 милиони евра, додаде Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Ресен истакна дека ова е регион во кој многу е инвестирано во рамките на можностите што ги има Владата.
– Изградивме две прекрасни плажи во Стење и Сливница и за плажите се инвестирани околу 1,2 милиони евра. Проектирани се за уредување дополнително 1.400 метри плажи на Езерото. А овој месец треба да почне изградбата на пешачка патека долга 5,5 километри која што ќе биде покрај Езерото и ќе биде вистински магнет како за домашните, така и за странските туристи. Во моментов се работи на реконструкција на водоводот што е инвестиција од околу 300 илјади евра. Инвестирани се многу средства и во локални патишта, додаде Груевски

Изградени се голем број локални патишта, а во тек е реконструкцијата на регионалниот пат Битола – Ресен, која треба да заврши  во септември. Досега се реконструирани вкупно 50 километри локални и регионални патни правци кои што се од значење за Општина Ресен, изјави Груевски.