Што е хeрнија и како се лекува?

0
2461

Што е хeрнијата? Во народот е позната како кила или брух. За тоа што ја предизвикува, како се лечи, кои се најчестите сиптоми, одговор побаравме од Д-р Ален Јовчевски, дигестивен хирург во Аџибадем Систина.

-Херниите се јавуваат како комбинација на зголемен интра абдоминален притисок и отвор/слабост на мускулатура или фасција при што зголемениот притисок ги турка органите и ткивата низ отворот или низ слабата точка на ѕидот. Од ова произлегува дека секоја состојба што го зголемува интраабдоминалниот притисок може да предизвика хернија. Тука спаѓаат: подигање тешки предмети, дијареја или опстипација, долготрајно кашлање и кивање, тумори, срцева слабост и слично. Мускулната слабост може да биде вродена, но многу почесто се јавува во по натамошниот тек на животот. Состојби како прекумерна дебелина, неадекватна исхрана и пушењето се фактори кои можат да доведат до појава на мускулна слабост и со тоа и појава на хернија, изјави Д-р Ален Јовчевски дигестивен хирург во Аџибадем Систина.

Хернијата не познава старосна граница, вели Др Јовчевски, ја има и кај мажите и кај жените

-Во однос кај препонскиот дел кај мажите е почесто застапена ингвиналната хернија, односно препонската вистинска кила, додека кај жените почесто е застапена феморална хернија, заради анатомски карактеристики во однос на машки и женски пол, изјави Д-р Ален Јовчевски дигестивен хирург во Аџибадем Систина.

Др Јовевски вели дека хернијата се манифестира со појава на: безболен/лесноосетлив оток под кожата на стомакот или препоните кој најчесто исчезнува кога пациентот е во лежечка положба. Тука се поставува прашањето како се лечи. Хирургијата на килата на стомачниот ѕид опфаќа хируршки процедури кои спрема пристапот се делат на отворени, лапароскопски и комбинирани.

-Во детска возраст се гледа да се причека временски период со цел да се развие мускулниот ѕид и тие слаби слаби точки се чекаат да се појачаат по природен пат, но не е исклучено понатамошно хируршко лекување. Меѓутоа кај возрасните хернијата кога еднаш ќе се појави потребно е хируршки да се лекува. Доколку постојат придружени болести кај возрасниот човек и постои неможност за хируршко лекување , во тој случај се препорачува да се носат појаси, вели Д-р Ален Јовчевски

Хируршките интервенции на некомплицирани хернии од каков било вид се изведуваат секојдневно и спаѓаат во групата на хируршки интервенции со низок степен на ризик.

-Кај соодветно подготвен пациент можноста од компликации е сведена на минимум па од сето ова произлегува дека стравот од оперативен зафат е неоправдан. Од друга страна кај пациент, кој од која било причина не се јавува на лекар и покрај јасно присутни знаци за постоење кила или нејзина компликација, со евентуални дополнителни заболувања и морбидни состојби и неадекватно иследуван и подготвен за оперативно лекување, процентот на компликации вклучително и смртен резултат е значително поголем, додаде Д-р Јовчевски

Д-р Јовчевски со совет до пациентите : Во случај да пациентот при самопреглед препознае хернија од кој било вид, да се јави на лекар, специјалист, за консултација, дијагностика и договор за хируршко лекување.