Што е пресудно за да останат или заминат?

0
704

Трендот на миграција на населението од Македонија во странство, предизвикан главно од економски причини, добива загрижувачки размери, а уште поалармантно е дека, според информации од релевантни институции и организации, голем број од граѓаните што мигрираат од државава се високообразовани млади луѓе. Но тоа не е случај со Игор Завојчевски кој што е апсолвент на ФИКТ .Тој по завршувањето на факултетот својата иднина ја гледа во Македонија

-Тука ја гледам својата иднина, повеќе сакам а и подобро е да си дома, изјави Игор Завојчевски , студент на ФИКТ Битола

Завојчевски заедно со Александар Тодоровски , Никола Брдаровски, Александар Ѓорѓиевски и Бошко Силјанов од кои четворицата се дизајнери а едниот програмер на натпреварот по програмирање Codefest 2016 освоија трета награда.

-За 32 часовниот натпревар по програмирање имавме една интересна идеа, изработивме платформа за договарање на настани помеѓу пријатели и колеги. Идеата која побуди голем интерес кај компаниите, дојде од неколку колеги, каде што месец дена ја развивавме , и на крај успеавме во 32 часа да претставиме некој прототип и го претставивме на пазарот, изјави Игор Завојчевски, студент на ФИКТ

На натпреварот зеле учество околу 34 екипи од повеќе факултети од државата. Во секоја екипа учествувале по тројца до четворица студенти, додаде Завојчевски

Статистиката вели дека младите се помасовно ја напуштаат државата и својата иднина ја гледаат некаде на друго место.Заклучно со 2010 година само, 447 000 македонски граѓани мигрилале во странство, покажуваат податоците од извештајот на Светска банка, и таа бројка постојано расте.Но, уште поголем проблем е фактот што во Македонија има појава на т.н brain drain. Тоа претставува емиграцијата на интелигентни, високо-едуцирани индивидуи во други земји барајќи подобри услови за живот.Последиците на една држава од оваа појава е тоа што губи значајни професионалци.Останува да се надеваме дека ситуацијата ќе се промени и за младите умови како овие 5 момчиња од ФИКТ токму нашата држава ќе биде нивниот изборот.