Што им советува Британската амбасада на своите државјани кои ќе дојдат на концертот на Продиџи?

0
1542

На концертот на Продиџи во недела во Охрид, покрај фанови од Македонија и Балканот, се очекува поголема бројка на Британски турсти кои специјално ќе допатуваат во Охрид да го гледаат еден од највозбудливите бендови на денешницата. Денес, во око на македонската јавност падна објавата на Британската Амбасада во Скопје на официјалната ФБ страница во која упатува апел и совети до Британците кои ќе дојдат на концертот на Продиџи: да внимаваат на пасошите, зошто ако ги изгубат или им бидат украдени и ќе ги чини многу.

Потоа ги советуваат да не се движат сами, да бидат секогаш во друштво, пијалоците кои ќе ги консумираат да не ги оставаат без надзор…и слично.

Таквите препораки на Британската Амбасада наидоа на лавина коментари по социјалните медиуми од Македонците кои сметаат дека нема потреба од застрашување на гостите кои ќе дојдат да слушаат еден одличен концерт.