Што ќе се случи со изборот на петтиот член на ад хок телото?

0
291

Откако вчера не беше избран петтиот член на ад хок телото за медиуми, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски утрово кажа дека денеска ќе има состанок со членовите на привремената комисија на кој ќе треба да решат што понатаму.

Петтиот член на ад-хок телото треба да го изберат другите четворица членови, а воедно тој мора да биде Албанец. Ад хок телото го сочинуваат новинарите Горан Трпеноски, Слаѓана Димишкова, Љубомир Костовски и Цветин Чилиманов, кои се предложени од двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Се шпекулира дека Собранието или дипломатите ќе се вклучат во изборот на последниот член на ад хок телото.

Ова тело ќе ги следи медиумите во предизборието.