Што кога струјата ќе ги оштети Вашите апарати?

0
506

Прекин на напојувањето со електрична енергија денес е најлошото што може да Ви се случи.
Вашите омилени електронски играчки кои го трошат Вашето време, не функционираат, Ви станува здодевно, трпението Ве напушта, а единствениот соговорник Вие е запалената свеќа, која мајка Ви или баба Ви, Ве посоветувала да ја имате баш за ваква не дај боже ситуација.
И кога радоста на малите електрони кои пристигнале ќе Ве озари, нова мака, висок напон и Вашите телевизори, компјутери и други реквизити Ве напуштиле во чад.
Кој плаќа кога не се плаќа струја. За нашите дилеми се обративме во ЕВН Македонија.

„Во случај на „Виша сила“ операторот не е одговорен за настанатата штета“ – вели Атанас Ковачевски, Портпарол на ЕВН Македонија.

Но не секогаш вината за прекинот на струјата и оштетувањето на техниката во Вашиот дом е на природните елементи. Некогаш за смртта на Вашите сакани технички занимации виновникот има име и презиме. Што тогаш?

„Кога вината за настанатата штета е на страната на ЕВН Македонија, ние имаме посебна служба која прави проценка и измирување на штетата. Ако граѓанинот е незадоволен секогаш како опција го има судот“- вели Атанас Ковачевски, Портпарол на ЕВН Македонија.

Се чини дека нештата се добро регулирани. Ова звучи добро. Дали тоа значи дека граѓаните се задоволни.

„Прекините на струјата се чести. Апаратите редовно се оштетуваат од високиот напон кога струјата се враќа, а штетата често останува ненамирена“ – велат граѓаните на Битола.

За разлика од кај нас, надоместот на штета во случај на прекин на напојувањето со струја, на фамозниот Запад кон кој гласно стремиме е решен многу поедноставно. Така, во САД судовите редовно досудуваат високи износи на отштета на граѓани кои и само неколку минути немале струја во нивните домови или канцеларии, без притоа да се бара прекинот на стрија да оштетил некоја апарат. Слично е и во Велика Британија, каде работите воопшто и не однат на суд. Едноставно постои ценовник кој кажува колку пари треба да се платат по помината минута без напон во домот или канцеларијата. Уште полесно е во Нов Зеланд. Таму постои институција Енергетски Омбудсман кој во име на оштетените ги води постапките за надомест на штета.