Што мислат битолчани за новите законски измени за пушење?

0
5226

Група на пратеници од владејачкото мнозинство поднесоа иницијатива за измена на законот за заштита од пушењето во скратена постапка. Причините според нив се во влошената економска состојба на угостителите кои во последните години поради ригорозните мерки и екстремно високите казни имаат намален промет, а морале и да отпуштат дел од своите вработени. Една од клучните измени која се предвидува со новите законски измени е да се даде можност сопствениците да определат посебна просторија за пушачи, а сите останати делови јасно да ги означат како забранети за пушење цигари. Што мислат битолчани за овие законски измени?Според податоци од Тутунски атлас граѓаните на Македонија се на трето место во светот според бројот на испушени цигари по жител годишно, а бројот на пушачи постојано се зголемува.

Над 46 отсто од мажите на Македонија пушат, покажуваат податоците од Тутунскиот атлас, кој ги споредува податоците за пушачките навики во различни земји. Со оваа бројка Македониај е над просекот на земјите со среден БДП. Во исто време 26, 8 отсто од жените се пушачи што исто така ја става Македонија над просекот.Македонските граѓани пушат по над 2.700 цигари годишно. Повеќе цигари пушат само жителите на Белорусија и Либан

Без коментари