Што нуди Техничкиот факултет за новата академска година?

0
482

Оваа година Техничкиот факултет има со што да се пофали. Современи лабаратории им нудат на идните студенти за настата да ја следат со интерес, велат од оваа високо образовна институција. Технички факултет- Битола е еден од неопходните фактори во високо образование и потенцијална основа за побрз стопански развој. Во новата академска година на техничкиот факултет во прва година ќе можат да се запишат 495 редовни студенти и 65 вонредни. Првиот уписен рок ќе биди од 15 до 17 август, матурантите ќе можат да се запишат и на новите акредитирани студиски програми.

– Програма по машинство, електотехника,сообрајќај и транспорт, индустриски менаџмент, графичко инжинерство, мехатроника, екологија и заштита на животна и работна средина. Матурантите кои што ќе се запишат на Технички факултет Битола и покажале најдобар успех во средното образование ќе бидат ослободени од плаќање на уписнина во висина од 200 евра, изјави Проф.д-р Стојанче Нусев декан.

Електроенергетски компании на идните студенти што ќе се запишат во прва година на ТФБ им даваат можност да добијат стипендии од 6.000 денари месечно, и овозможуваат пракса во текот на образовниот процес а подоцна по нивното дипломирање да бидат вработени.Студентите практичната настава можат да ја следат во лабараториите со кои располага овај факултет.

-Лабараторија за сообрајќај и транспорт која што заедно со лабараторијата за странски јазик се проекти на Влада. Тука студентите имаат можност да ги изведуваат своите вежби и да ги усовршат своите знаења , изјави Проф.д-р Верица Данчевска продекан за настава.

Годинава како што велат од Техничкиот факултет студентите од графичката струка ќе имаат можност да го видат процесот на печатење.

– Се работи за лабараторијата во која што имаме улови за вршење на практичната настава за идните студенти, покриваме неколку графички техники на работа пред се дигитално печатење на медиуми за внатрешна и надворешна потреба, суштината на печатницата е што ни овозможува непрекината пракса на студентите наши, изјави Доц.д-р Роберто Пашиќ професор

За оние студентите кои што сметаат дека имаат пропусти по предметите математика и физика, Техничкиот факултет нуди можност откако ќе се запишат идните студенти да посетуваат дополнителна настава по овие предмети.

Без коментари