Што нуди ВМШ за новата академска година ?

0
741

Покрај постојните пет студиски програми на ВМШ како општа медицинска сестра, лабараториски аналитичар, акушерки, физиотерапевти, и радиолози, ВМШ за идните студенти со уште една шеста по ред нова програма. Санитарни инженери. Оваа програма е прва и единствена во Македонија.

Станува збор за сите шест студиски програми за стручни тригодишни студии со кои се добиваат 180 ЕКТС кредити и после тоа студентите имаат можност да продолжат на специјалистички студии кои што носат 60 кредити,изјави Проф.д-р Домника Рајчановска директор

Оваа академска година ВМШ има околу 325 слободни места на сите шест студиски програми.

– Имаме околу 120 редовни студенти во државнаквота околу 120 редовни студенти со кофинансирање и останатите 85 ќе бидат вонредни студенти , го очекуваме и конкурсот за проектот 30-35 кој што го имаме ние и Технички факултет каде што запишуваме во државна квота кандидати со 35 години тоа е проект на Владата кој што неколку години постои и за кој што минатата година имавме многу голем интерес,изјави Проф.д-р Домника Рајчановска директор

За оние студенти кои што сакаат да остварат одредена мобилност во земјите на балканот, ВМШ го нуди тоа во рамкте на Еразмус плус програмата.
– Со тие студиски програми студентите можат да најдат начин како да биди истата програма призната во европа и да можат и понатаму да се усовршуваат во даденото подрачје, изјави Проф.д-р Домника Рајчановска директор

Првиот уписен рок каде што можат да се запишат бруцошите започнува од 15 до 17 август вторниот од 1 до 4 Септември и третиот уписен рок е на 14 .

А праксата како важен дел од студирањето, бидејќи една работа е да се учи теориски од книга, а сосема друга работа е да се види како во практиката функционираат работите на ВМШ во прва година се одржува кабинетски, а во наредните две години праксата се одвива по оделенија во болницата и сите здравствени установи.