Што открија „Панамските документи“ за Македонија?

0
745

Милионите „Панамски документи“, кои предизвикаа огромен скандал поради истечените информации за прикривањето приходи во светски рамки, ќе станат достапни за јавноста од денеска, објави Меѓународниот конзорциум на новинари, кои ги открија тие документи.

Irish Times, дел од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), кој работи на мега аферата „Панама документи“, направи мапа од над 200 држави, која покажува од кои земји има лица или компании кои се наоѓаат во базата на податоци која протече од Мосак Фонсека, една од најголемите офшор правни фирми во светот.

Во мапата се прикажани број на компании, клиенти, корисници и акционери од поединечна земја. Таа покажува дека од Македонија има две компании, двајца клиенти и двајца акционери.

http://emagazin.mk