Што пишуваат странските медиуми за инцидентите во Собранието

0
211

„Што се случува во Македонија“ е главното прашање што го поставуваат странските медиуми за актуелното случување во македонското Собрание. Насилното влегување во Собранието е една од главните тема на сите светски медиуми.
„Лидерт на опозицијата облеан во крв“, пишува „Фајненшл тајмс“ и објаснува дека лидерот на СДСМ е заробен во зградата.
Би-би-си пишува дека 200 маскирани лица упаднале во Собранието и дека по ходниците има крв и стакло, како и тоа дека демонстрантите се поддржувачи на Никола Груевски.
„Вашингтон пост“ пишува дека маскирани лица влегле во Собранието откако Албанец е избран за претседател на Собранието.
На сајтот на „Гардијан“ објавена е фотографија од раскрвавеното лице на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, каде што објаснуваат дека ова е резултат на изборите во кои Никола Груевски победил на изборите, меѓутоа со недоволен број гласови за да формира Влада.
„Чикаго трибјун“ пишува дека Зоран Заев бил опкружен со протестанти, кои не му дозволувале да си замине, притоа извикувајќи „предавник“.
Ал Џезира Балканс потенцира дека полицијата не го спречила упадот на  демонстрантите во Сообранието, а босански Аваз пишува дека во инцидентот се повредени најмалку 11 пратеници и 10 тина полицајци. Медиумот објави и фотографии од оштетувањето внатре од сообрансиската зграда. Под нив напишаа дека таа е во потполност демолирана , дека оштетени се ѕидовите и инсталациите , а дека во обидот да се растеретат демонстрантите, полициските сили употребиле и димни бомби.

И На Балканските медиуми, пак, нападот на собранието се најде на речиси сите насловни страни. И српски Курир нагласува дека во Сообранието влегле маскирани тепачи и напаѓале пратеници.  “Врие во Македонија” пишува слободна Далмација. Во новинарскиот извештај стои дека организацијата За Заедничка Македонија  ги повикала сите граѓани на државата од сите краеви да дојдат пред Сообранието.