Што прави „Facebook“ со мозокот на своите корисници?

0
325

Основачите на „Facebook“ со намера создале некаква зависност, открива првиот претседател на социјалната мрежа, Шон Паркер.

„Бог знае што прави со мозокот на нашите деца“, вели тој. Со секое допаѓање и коментар, „Facebook“ ја „експлоатира“ човечката психологија сосема намерно, за да ги држи корисниците во „замката на социјалното прифаќање“, забележува Паркер и додава дека тоа е „сосема истото што би го измислил хакер како мене“.

Милијардерот Паркер, кој е ко-основач на „Napster“, а подоцна стана претседател на „Facebook“, зборуваше на настан на компанијата „Axios“ во Националниот конститутивен центар во Филаделфија.

„Не знам дали навистина ги разбирам последиците од она што го велам, затоа што тоа се ненамерни последици од мрежа, која прошири до 1-2 милијарди луѓе. И таа буквално ги менува нашите односи со јавноста, односите меѓу нас … Веројатно тоа се одразува и на продуктивноста на чуден начин“, вели Паркер.

Почетна