Што предвидуваат новите сообраќајни казни

0
272

Во новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, се дефинирани поостри санкции за возачите што ја надминуваат максималната брзина или возат пијани. Новина во Законот е што и во двата случаи полицијата ќе издава мандатни платни налози, што значат нема плаќање половина казна туку задолжително плаќање на целата казна во рок од осум дена или впишување на негативни поени во возачката книшка. Истите, построги санкции се воведуваат и за возачите што возат под дејство на алкохол. И тука нема да има повеќе плаќање на половина казна ако се плати во првите осум дена туку плаќањето ќе биде задолжително во рок од осум дена на целата сума. Се воведуваат и негативни поени за возачите. Казните се од 225 евра до 375, во зависност од степенот на пијанството. Казнените поени се од 40 до 60. Новиот закон предвидува Максималната брзина во град до 50 км/час, за зборување на телефон казната е 45 евра или 25 казнени поени. Пешак ќе плати 50 евра за поминување на црвено. Казни за брзо возење во населено место од 10 до 400 евра зависно од дозволената брзина. Негативните поени се бришат по три години. Дуплирани казните за неврзување појас, од сегашните 20 евра или 10 негативни поени, казните за возачот во новиот закон се зголемени на 40 евра или 25 негативни поени. Светлата остануваат вклучени глобата ќе зависи дали возачот се казнува дење или ноќе, 15 евра дењен или 35 евра ноќе. Со новиот закон, кој треба да стапи во сила осум дена откако ќе биде објавен во “Службен весник”, возачот за највисоките казни ќе има избор да ја плати цела казна или да му бидат запишани негативни поени. Но задолжително ќе биде даден на суд, зашто полицијата ќе поднесе барање за одземање на возачката. Во случаи кога возачот нема да ја плати казната или нема да ги запише негативните поени, мандатниот платен налог станува извршен, односно Управата за јавни приходи ќе му ја блокира сметката.