Што претставува видеоасистирана торакоскопија?

0
1134

Со камера во градниот кош се откриваат и се оперираат многу болести. Таа метода во медицината се нарекува видеоасистирана торакоскопија? Што претставува оваа метода кои состојби можат да се третираат, која е разликата со класичната отворена хирургија, одговор побаравме од д-р Драган Смилевски торакален хирург во Аџибадем Систина

-Видеоасистирана торакоскопска хирургија е минимално инвазивна хируршка техника која се користи во дијагностицирањето и третманот на хируршките болести на градниот кош. Слично како кај лапараскопската, која е попозната кај нашата популација, преку мали резови на кожата се вметнуваат специјални инструменти преку кои се гледа во внатрешноста на градниот кош, а сликата се пренесува на монитор за полесно следење на интервенцијата, изјави д-р Драган Смилевски торакален хирург во Аџибадем Систина


Д-р Смилевски вели дека практично не постои хируршка процедура на градниот кош која не може да се изведе по торакоскопски пат.

– Почнувајќи од дијагностичките постапки како биопсии на плеврата, белите дробови и медијастинумот, преку лекување на изливите и гнојните воспаленија на плеврата, како и третманот на пневмотораксот и отстранување на дел од белите дробови кај белодробните тумори. Оваа метода се употребува и при торакалната симпатеком ија кај прекумерното потење на рацете, интервенции на дијафрагмата, како и зафати на хранопроводот. Оваа метода се користи и кај карцином на белите дробови, при што освен отстранување на тумурот, се отстрануваат и околните лимфни јазли, додаде д-р Смилевски

Ако класичната, отворена хирургија, значи сериозна траума за градбата и структурите на градниот кош, со појава на долготрајна болка во градите по оперативниот зафат, тогаш видеоасистираната торакоскопија , која што е многу нежна во споредба со класичните оперативни техники, е во голема предност.

-Минимално инванзивниот пристап на ВАТС овозможува интервенцијата на градниот кош да се изведе низ неколку најчесто два до три отвори. Ова подразбира минимална постоперативна болка, пократок престој во болница и побрзо заздравување и закрепнување, како и помали можности за инфекција и друг вид на компликации .Која апаратура е потребна за изведување на овај вид на интервенции?Тоа се три вида на средства што ја прават возможна торакоскопијата. Едните се врзани за преносот на сликата: ендоскопиите, изворот на ладно светло, камерата, мониторот итн. Втората се практично исструментите со кои се изведуваат интервенциите. Тоа се специјално птоизведеи сетови кои се моделирани и приспособени за потребите на овај вид на интервенции. Трети се потрошните материјали што се користат или вградуваат за време на интервенцијата. Клиничката болница Аџибадем Систина од отворањето комплетно е опремена со најсовремена апаратура и инструментариум за овај вид на интервенции. Денеска оваа интервенција кај нас се изведува низ еден отвор , вели д-р Смилевски

Можни ли се копликации при овај вид на интервенции?

-Како и при секоја хируршка интервенција така и при изведувањето на торакоскопски интервенции можни се компликации. Меѓутоа кај овај вид на хируршки зафати компликациите се многу поретки во споредба со класичната отворена хирургија, вели д-р Смилевски

Земајќи ги во предвид сите предности што оваа метода ги нуди, еден современ торакален хирург секогаш пред операција треба да процени:Дали е возможно планираната интервенција да се изведе по торакоскопски пат? Така секогаш е подобро и полесно за пациентот, вели д-р Смилевски.