Што се може да се купи со 50 денари во светот

0
1081

Сината банкнота или железната монета од 50 денари во деновите пред да стигне платата, понекогаш многу ни значи. Но, многу малку работи можат да се набават за овие пари во Македонија.

Доколку некој Американец би се нашол во Скопје со толку пари во џебот, најверојатно ќе биде изненаден дека со нив ќе може да купи не една, туку две векни леб! Исто толку чини и литар млеко, половина килограм лимони, но и два килограми компири – па нашиот измислен .
Германците за 50 денари (0,8 евра) можат да се почестат пола литар пиво, доколку го купат во продавница, или ако станува збор за домашно производство. За таа сума можат да набават и шест јајца или половина килограм ориз. За 50 денари, Германците можат да купат и две шишиња од литар и половина вода, но во кафуле не можат да нарачаат ниту половина шолја кафе.

Њујорчаните за 0,90 долари, колку што чинат 50 денари, не можат буквално ништо да купат. Не е тајна дека Њујорк е еден од најскапите градови во светот. Додека пак во Кина па за шест јуани, што се еквивалент за 50 денари, можете да се напиете големо пиво во некое кафуле.
50 денари се еднакви со 71,65 бангладешки таки во Дака, главниот град на Бангладеш. За овие пари таму можете добро да се забавувате! Имено, ќе можете да си купите три газирани сокови во кафуле, и тоа не во најевтиното. За истиот износ ќе можете да купите не една, туку три карти во градскиот превоз, а ако ви е поважен комфорот, за тие пари ќе можете да се повозите и два километри со такси. Што се однесува до храната, за оваа сума можете да си купите 250 грама бело месо без коски. Во престолнината на Шпанија според цените не се разликува многу од Берлин, па за 0,8 евра може да се купи половина векна леб или исто толкаво количество домати. Рестораните сепак се поскапи, па ќе ви требаат двојно повеќе пари за една шолја капучино, а за овие средства, Шпанците можат да купат само една шестина кутија цигари.

За Македониците тие 50 денари некогаш можат и огромна сума на пари да донесат, доколу со 50 денари пишат спортска и добијат, или купат добитна грепка или во случај на коцкање доколку вложат 50 денари и добијат многу пари . Како и да е за некои земји има вредност 50 денарката, додека за други не .