Што се случило со 17 годишниот битолчанец?

0
1544

Во врска со информацијата која што вчера ја објавија медиуми, а врз основа на полицискиот билтен дека 17 годишно момче скокајќи на креветот во домот, се самопровредил со нож при што му биле констатирани тешки телески повреди, од домот велат дека кај нив таков настан не се случил, ниту пак тој бил станар на домот.

-Студенскиот дом во Битола неосновано беше инволвиран во настанот во кој беше повредено 17 годишно момче. Настанот се случил надвор од Студенскиот дом на ул. Партизанска, во меѓусебна расправија меѓу две лица жители на Битола. Повреденото момче по настанот побарало помош од свои пријатели, студенти, сместени во Студенскиот дом. Инаку безбедноста на студентите сместени во домот е на високо ниво, и за истата се грижат како вработените во домот, така и приватното обезбедување кое е ангажирано во домот, изјави Снежана Пажик, директор на Студенскиот дом „Кочо Рацин“-Битола

vtornik-still001
Во билтенот на МВР стои дека на 16.10.2016 година околу 21.40 часот во Битола, во Студенскиот дом „Кочо Рацин“, седумнаесетгодишник од Битола се самоповредил со нож. Истиот скокнал со грбот на креветот, на кој што по негово кажување имало оставено нож, и се самоповредил. Откако се преслекол, забележал дека на грбот има повреда со обилно крварење. Веднаш потоа Д.Д. (24) од Охрид и Н.Д.(23) од Кавадарци, кои биле во собата, со такси возило го однеле во Клиничката болница во Битола. Од страна на лекар констатирани се тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Од Студетскиот дом тоа го негираат, и додаваат дека нападнатото момче  најверојатно се исплашило од напаѓачот поради што во полиција пријавило дека се самоповредил.

-Наша претпоставка е дека момчето излажало дека е само повредено, од причина да го заштити идентитетот на напаѓачите, а која е причината за таквата лага и со која му се нанесе голема штета на домот, треба да утврди истрагата, додаде Пажик.

Од Студенскиот дом во Битола велат дека 17 годишното момче од Битола  било нападнато со нож на улицата Партизанска.

-Ние веднаш по настанот ги собравме од Совет на станари да ни кажат што се случило во домот, и тие кажаа дека во домот немаше никаква расправија и тепачка, и по извршената консултација со останатите студенти, ние констатиравме дека настанот е случен во непосредна близина на комплексот факултети на ул.Партизанска, и после тоа повреденото момче дошло тука за да побара помош. Вечерта дојде и полицијата, изврши увид и разговор со студентите, од кој констатиравме дека се потврдува оваа иста информација, рече Пажик

Денеска од СВР-Битола рекоа дека настанот останува така како што е објавен во билтенот на МВР а се базира на првичната дадена изјава од повреденото лице.