Што се случуваше синоќа кај Ротино?

0
473

Со лопати, дурии, вили, метли, и пумпи од 18 часот па некаде до 3 часот по полноќ жителите од селата Ротино и Цапари заедно со пожарникарите се бореа пожарот.

Пожарот како што ни кажаа жителите од овие села настанал кај 18 часот, каде горела нискостеблеста шума.Никој не знаеше од што е предизвикан. Освен што стравуваа за своите насади, во паника беа, огнените јазици да не ги зафатат и нивните куќи. Револтирани беа и на ТППЕ бидејќи како што велат интервенирале со едно противпожарно возило

И битолски мерцедес настрада во пожарот , за среќа немаше повредени. Имаше информации и дека е зафатено од пожарот и една викендица

После полноќ дојде и градоначалникот Талески