Што слуша Обама на одмор?

0
507

Американскиот претседател Барак Обама објави листа од песни кои ги слуша додека е на годишен одмор на страницата на стримингот Spotify, откривајќи го својот музички вкус кој е насочен кон американските изведувачи, од кои некои го поддржуваат на политичката сцена.
Барак Обама вообичаено со семејството се одмора на островот Мартас Винјард на североистокот од САД, каде го минува времето во играње голф и во читање. Откако ја објави листата книги кои ги понел на одмор, американскиот претседател на Twitter објави линк со две листи песни одговарајќи така на барањата на љубопитните.

На плејлистата на Обама наречена „Вол. 1 Летен ден“ се наоѓа насловот на легендата на регето Боб Марли „So Much Trouble in the World“, чии зборови би требало да го инспирираат американскиот претседател за крајот од мандатот. На „Вол. 2 Летна ноќ“, Обама ја преферира „Superpower“ на Бијонсе којашто заедно со сопругот Џеи Зи учествување во кампањата за неговиот повторен избор во 2012 година.

Американскиот претседател ги слуша Стиви Вондер, Џастин Тимберлејк, групите Florence and the Machine и Isley Brothers, Арета Френклин, Боб Дилан, Нина Симон, Мајлс Дејвис, Били Холидеј, Џон Колтрејн и Френк Синатра.

На листата меѓу големото мнозинство американски музичари се и Ван Морисон, Леонард Коен и The Rolling Stones./крај/мф/сн