Што советуваат спасувачите од плажите?

0
1256

Летната туристичка сезона влегува во својата „жешка“ фаза. Високите температури и сончевото време ги наполнија плажите. Голем број домашни и странски туристи веќе уживаат во водата а топлото време го најави популарниот „шпиц“ на сезоната .

ponedelnik.Still009

Како и секоја година, неизоставен дел од летната сезона е присуството на службите за безбедност и спасување на вода, односно на професионално ангажираните спасители на вода. Па како и лекарите што даваат препораки како да се справиме со жешкото и топлото време, така и спасувачите со препорака што да правите кога ќе отидеме на плажа

aleksandar josevski

– Треба да избегнуваат да седат на најголемите жештини кога температурите во текот на денот се највисоки, да се кријат под сенка, кога ќе влезат малку во водата да се заладат со испрскување по телото со вода , тие капачи што незнаат да пливаат да не одат надвор од огранучувањето , затоа што има голема длабочина , недајбоже да има давеник , треба да бидеме многу сконцентрирани и доста внимателни“, изјави Александар Јошевски, спасител на плажата Connect Beach во Сливница

Јошевски додава дека пливањето во друштво и во безбедносните зони обележани на крајбрежјето на езерата ја зголемува безбедноста на капачите .

ponedelnik.Still005

-На плажата има над 3000 посетители и сите нас тие ни се потенцијални давеници, не знаеме кој знае да плива а кој не. Ние гледаме малку подалеку, на сите страни, патролираме по плажата, така што одговорноста која ја имаме како спасувачи е доста голема , додаде Јошевски

Од кажаното ни преостанува да ги почитуваме советите од спасителите на вода
бидејќи нивна должност е да гарантираат максимална безбедност на сите капачи и рекреативци.