Што власта ветила, а не исполнила?

0
418

ЛДП сака да ги потсети граѓаните на Битола, за дел од проектите кои Вмро-Дпмне ги вети и ги напиша во својата предизборна програма во далечните 2009 и 2013 година, а истите не се реализирани, ниту почнале да се реализираат. Денес Груевски, Милошоски и Талески повторно ги ветуваат и ни ги нудат како нови и свежи ветувања. Во 2009 –та ветија.

-Реконструкција и трансформација на Домот на Арм и негово претворање во Дом на културата.

-Изградба на пливачки базен во соработка со агенцијата за спорт и млади.

-Обнова на Спортска сала Младост , ветено во 2009-та година од страна на Владимир Талески.

-Реконструкција на Центарот за култура.

-Реновирање на градскиот стадион во Битола.

-Отворање на нови градинки.

-Реновирање на зградата на противпожарната единица.

Откако се ова го препишале во програмата од 2013 година, истата ја надоградиле и прошириле со следните ветувања.

-Хотелски комплекс во Нижеполе,

-Битола Филмски град, и како исполнителни демохристијани,

-Изградба на црква посветена на заштитникот на Битола Свети Нектариј во Центарот на градот. На крајот мора да признаеме дека Вмро-Дпмне и Владимир Талески направија неколку работи кои не ги ветија во ниту една предизборна програма. Градот го сведоа на 60-на илјади жители, младите ги избркаа и ги натераа да работат по белиот свет, го испразнија Широк Сокак, Битола стана најзагаден град, на спортски план го допревме дното, го направија Транспортер, финансиски ги заглавија училиштата, ги поскапеа водата и ѓубрето а Битола од втор центар во Македонија, наместо европски ја направија македонски просек. После 11-ти Декември имаме шанса сето ова да го промениме.Битола заслужува да се врати на оние места кои ги имала во минатото, а потоа да оди и напред. Битола заслужува шанса за живот, Битола мора да си го врати скијањето, да го реновира Копанки, Битола заслужува чист воздух, полна сала и полн стадион, и нови градинки и многу деца во нив, или едноставно кажано Битола заслужува да живее“ рече Валентин Груевски од ЛДП.

Без коментари

LEAVE A REPLY