Штрајк на судската администрација во Битола

0
1357

По трет пат ја прекинаа работата. Првиот пат во демекври, потоа во март и денеска повторно. Судовите останаа без работата на администрацијата. И така велат ќе биде се додека не им се исплатат додатоците на плата.

sreda.Still001

„ Се надеваме дека ќе бидеме слушнати, а нема да работиме се до исполнување на нашите барања, да се исплатат додатоците на плата. Сега администрацијата во писарниците и дактилографките земаат 16 илјади и со овие додатоци повторно ќе бидеме под просечната плата во земјава“ вели Драган Младеновски претседател на синдикатот во Основниот суд во Битола.

Проблемот според нив, закочил во министерството за финансии, оти владата веќе одобрила исплата на такви додатоци, вели тој.

И пред Апелациониот суд во Битола, денеска излезе администрацијата да си ги бара додатоците, исто како што добиле во обвинителствата во име на ризик на работа, доверливост и тежината на работата. Иако не влегле во дел од законските решенија кои поминале во Собрание, тие нашле законски начин како и нив има следува тоа, но велат работата ја кочи министерството за финансии, објасни Митко Фидановски советник во Апелациониот суд.

Денеска ќе работат само на итни предмети, а до кога ќе штрајкуваат ќе зависело од потегот на надлежните, односно се додека не им се зголемат платите за 35 %, исто како што им беа зголемени платите на судиите и јавните обвинители.