Штрајк на судската администрација во Македонија

0
647

Од денеска  во сите судови во Македонија судската администрација ќе штрајкува.

На ваков чекор се одлучиле бидејќи Владата иако ветила не исплатила 35 отсто поголеми плати.

Од Синдикатот велат дека постапката била заглавена во Министерството за финансии и дека револтот на вработените е толку голем и затоа се одлучиле на штрајк.

Во судовите ќе се работат само притворски предмети, предмети со странски елементи и ќе се издаваат уверенија за патувања во странство и вработувања.