Штрајк на вработените во грчката железница

0
361

Вработените во грчката железница Траиносе од денеска стапуваат во штрајк кој ќе трае до вторник, во знак на протест против владината одлука за приватизација на железницата, пренесе МИА.

Штрајкот ќе влијае на возовите во цела Грција, вклучувајќи го и возот кој оди до аеродромот во Атина. Метрото ќе работи нормално.

Работниците исто така, барат продолжување на колективните договори.
Италијанската државна железница S.p.A e единствениот кандидат кој поднел понуда за купување на 100 проценти од акциите на грчката железница Траиносе, соопшти вчера Фондот за развој на Грција (ХРАДФ).
ХРАДФ информира дека и покрај првичниот интерес, руската железничка компанија РЗД не поднела понуда.