Штрајк на затворениците

0
249

Затворениците од сите затвори во земјава, како што најавија преку социјалните мрежи, од денеска  штрајкуваат.

Според организаторите кои го најавија настанот, штрајкот ќе одвива од 14 до 18 часот. Причината за нивната револтираност е, како што велат, помилувањето на педофили, силувачи и убијци од  претседателот Иванов, додека в затвор се уште лежат невини луѓе или такви кои не направиле кривични дела.
Затворениците ќе штрајкуваат во самите затвори, а нивните семејства  ќе постават шатори, каде ќе се стационираат се додека не бидат исполнети нивните барања.
Според организаторите, штрајкот пред се е и поради нечовечките услови во затворите, а бараат и донесување Закон за амнестија по итна постапка.