Штрајк со глад на мигранти на српско-унгарската граница

0
229

Група од 130 мигранти, кои тргнаа пеш од Белград и ноќеска стигнаа во близина на граничниот премин Хоргош на српско-унгарската граница, започнаа штрајк со глад, јави Танјуг.

Мигрантите, главно од Авганистан и Пакистан, но меѓу кои има и Ирачани и Иранци, се наоѓаат на околу 500 метри од транзитната зона на унгарската граница. Тие седат на земја и изјавија дека не сакаат да одат во импровизираниот камп. Претходно за нив беа подготвени околу 30 шатори.