Штрајкот продолжува, пасивниот однос прави огромна штета на државата

0
1621

Од УПОЗ информираат дека продолжува штрајкот на судската администрација.

Објаснуваат дека од 29 доставени записници, 26 судови се изјаснија за продолжување на штрајкот, а три за друг начин на штрајкување. Штрајкот  продолжува од утре со  ист интензитет  во  сите судови  кои штрајкуваа. Бараат надлежните да не бидат пасивни и да не ги игнорирааат, туку да седнат на преговарачка маса и да одговорат на нивното барање за зголемување на додатоци на плата за 35%.

Од УПОЗ велат дека ваквиот пасивен однос прави огромна штета на државата, судството, граганите, адвокатите и сите други кои водат судски постапки.

Судските административци протестираа пред Министерството за правда, но без резултати.

Штрајкот почна на 18 мај, а со зголемувањето од 35% би биле опфатени околу 2.300 судски службеници.