Штрајкот во судството зависи од изборот на техничката влада

0
335

Штрајкот на вработените во судството останува во мирување до донесување нова одлука. Новата одлука, пак, ќе зависи од политичката ситуација, односно од тоа дали ќе се избере техничка влада.

Во меѓувреме, како што соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујоски, правната битка продолжува преку институциите.

Штрајкувачите, нагласи Грујоски, не се против казните со кои платата им е намалена за 40 отсто зашто тоа, рече, е законски пропишано, туку се против селективноста и начинот на кој таквата одлука е спроведена.

Без коментари

LEAVE A REPLY